Температурите во овој град 19 последователни денови се над 43 степени: Не може да врне од една причина -еве која
Еден град во САД соборува температурни рекорди 19
последователни денови - и во текот на денот и во текот на ноќта. Експертите
тврдат дека вакви температури не се забележани во ниту еден друг голем град.
Додека климатските промени предизвикани од човекот и метеоролошкиот феномен Ел Нињо се комбинираат за да ги соборат рекордите за топлина ширум светот, регионот Феникс се издвојува во САД: ниту еден друг голем град немал толку високи температури во текот на денот, па дури и 32 степени во текот на ноќта подолго од Феникс. Низ градот се поставени околу 200 центри за ладење и хидратација, но повеќето се затвораат во раните попладневни часови поради недостиг на работна сила и пари.
Цел свет „вриеше“ и во јуни и во јули. Речиси секој јулски ден просечната температура во светот беше повисока од највисоката измерена во изминатите години, а американските метеоролошки станици соборија повеќе од 860 топлински рекорди во изминатите седум дена.
„Ова веројатно ќе биде еден од најзначајните периоди во здравствената евиденција на градот за смрт и болести“, рече Дејвид Хондула, од градската администрација.
Топлотниот бран во Феникс има и долгорочни и краткорочни причини, рече Ренди Червени од Универзитетот во Аризона. Долгорочните, во последните децении, се резултат на човековата активност, а краткорочната причина е високиот притисок во западниот дел на САД, наречен „топлинска купола“ - висок воздушен притисок кој не само што носи и создава топлина, туку спречува дождот и облаците да донесат олеснување.
„Овој топлотен бран е силен и неуморен“, рече Кетрин Џејкобс, директорка на Центарот за наука и решенија за климатска адаптација на Универзитетот во Аризона. „За жал, тоа е предвесник на работите кои доаѓаат“, предупреди таа.
Фото: фреепик
Извор: nationalgeographic