Спорт // Спорт
Тешка ждрепка за Ѓоковиќ на Ролан Гарос, во четвртфиналето можен дуел со „кралот“ на земја
Новак Ѓоковиќ е прв фаворит на Ролан Гарос, ждрепката сакаше во првото коло да се сретне со Јапонецот Нишоико.
Ждрепката сакаше да Ѓоковиќ да се сретне со Рафаел Надал кој важи за „крал“ на земја и тоа уште во четвртфиналето, секако доколку до оваа рунда и двајцата победуваат.
Дека ждрепката не му беше наклонета на Ѓоковиќ, зборува фактот дека тој во можното полуфинале за противник ќе го добие подобриот од дуелот Зверев -Алкарас, под претпоставка дека сите ќе победуваат до завршниот дел.