Тетекс се извини за инцидентот, ова е изолиран инцидент, клубот секогаш бил добар домаќин
Неверојатен момент на натпревар во ВМФЛ во Тетово, на дуелот меѓу Тетекс и Саса кој заврши со 0-2, навивач влета во теренот и му удри тупаница на гостинскиот напаѓач Бошко Ступиќ.
ФК Тетекс се извини за инцидентот, а како што претходно информиравме, полицијата брзо реагираше и го уапси престапникот.
„Фудбалскиот Клуб Тетекс најостро го осудува инцидентот кој се случи во саботата на првенствениот натпревар против Каменица Саса, воедно се извинува на сите присутни, на официјалните лица, на гостинската екипа, како и на фудбалерот Бошко Ступиќ. Ние како клуб со голема историја и традиција, имаме организирано голем број на натпревари не само во рамки на натпреварувањата во рамки на ФФМ, туку и натпревари од европските купови, но и натпревари во поранешна Југославија, кога во Тетово гостуваа најголемите клубови на овие простори, меѓу кои и екипите од големата југословенска четворка.
Ниту ние, ниту повозрасните љубители на фудбалот не се сеќаваат на ваков или сличен инцидент, што говори за одличната организација на нашите натпревари. Овој изолиран инцидент е предизвикан од неодговорен гледач, која со овој потег направи голема штета на реномето на ФК Тетекс. Напаѓачот веќе е идентификуван од страна на институциите на редот и мирот и даваме максимална поддршка да постапат според законските прописи на Република Македонија. Како и до сега, така и во иднина ќе се трудиме нашите натпревари да бидат организирани на високо ниво и вакви несакани појави да бидат минато и никогаш повеќе да не се повторат.
Со почит,
ФК Тетекс 1953“, гласи соопштението на второлигашот.
ВИДЕО од инцидентот: