ТФТ ги задржа шансите за плејоф, победа против Феникс

Освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ,  сака да биде дел од четирите екипи кои ќе одлучуваат која од нив ќе го освои и шампионскиот трофеј. По киксот на домашен терен во минатото коло против Еуро Никел 2005, „црно-белите“ го „поправија впечатокот“ на гостински терен, против екипата на Феникс 2010 запишаа победа со 76-58.

По израмнетата игра во првата четвртина, која гостите ја добија со миимални (17:15), фаворитот на овој натпревар делуваше доминантно во втората. Доста поефикасно почнаа да делуваат избраниците на тренерот Боро Смилковски, против петорката која во овој момент ја има дебитантот во друштвото на најдобрите.

За ТФТ практично погодуваа сите кои влегуваа во игра (исклучок Аргировски). Девет играчи во „црно-бела“ комбиннација го пронајдоа патот до противничкиот кош. Меѓу нив и довчерашниот „фениксовец“ Двејн Морган.

Тоа беше видливо и на резултатот, веќе на полувремето, гостите имаа сосема солидна предност (46:32).  

Но се изгледаше малку поинаку на почетокот на второто полувреме. Со стартна серија од (9-0), домашниот тим се доближи на само пет поени негатива, (41:46). За нецели седум минути игра во третиот дел ТФТ, даде само три поени, но имаше идентичен плус (49:44).

Домаќините не се откаажаа да го достигнат водството на противникот.

И успеаја во таа намера избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ. Макар тоа било во средината на последната делница. Поточно во 34.минута имаа егал (56:56). И тука некаде „се загубија“ младите кошаркари на Феникс 2010. Му дозволија на противникот да направи победничка серија (18-2) за недостижни (74:58) и добитни за ТФТ. И два бода кои ги носат кон плеј-офот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ. 9.КОЛО

Феникс 2010 – ТФТ         58:76

18.МАЈ (СРЕДА):

19.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/uIATN5A0fWc

19. МАЈ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (МРТ)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26-4, Пелистер 25-5, ТФТ 17-14, Гостивар 17-13, Еуро Никел 2005 17-13, Феникс 2010 14-17;