Спорт // Спорт
Тинејџерот Алкараз нема милост, го победи и Ѓоковиќ за финале на Мастерсот во Мадрид
Карлос Алкараз не признава фаворити, 19-сет годишниот тенисер од Шпанија, откако го реши Рафаел Надал, по епска борба и меч во три сета која се играше 3 часа и 35 минути го победи и најдобриот во светот, падна Новак Ѓоковиќ со 6:7 (5), 7:5, 7:6 (5).
Со овој триумф, Алкараз се впиша во историјата како единствен тинејџер кој во два меча едно по друго на земја ги победил Надал и Ѓоковиќ.
Алкараз во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Стефанос Циципас и Александер Зверев.
https://twitter.com/TennisTV/status/1522978917090578434