Тој како полицаец, таа како приведена проститутка: Дали Канје Вест и Бјанка заминаа предалеку?

Пред да се разведе од старлетата Ким Кардашијан се дозна за болеста на Канје Вест. Тој пати од биполарно растројство, а како доказ за тоа беше неговата кандидатура за претседател на САД, каде се разбира дека изгуби и плачеше како мало дете пред насобраните толпи на митинзите. 

Од друга стана, многу добро заработува и од облеката што ја продава и од песните. Неговото вкупно богатство се проценува на 400 милони долари.

Тој сега има нова сопруга која се вика Бјанка и со која не престануваат да го шокираат светот. Само пред некој ден се појавија на миса облечени како вселенски суштества, а сега  она што остави најголем впечаток е тоа што Бјанка на себе носеше црна маичка, речиси проѕирни црни хулахопки искинати на коленото под кои немаше долна облека, ниту пак носеше чевли. Исто облечен беше и Канје и на неговата маица пишуваше полиција.


Што сакаат да покажат не знаеме...