Топ 10: Машки парфеми за кои жените велат- ТОА е ТОА
Секој маж сака убаво да мириса, а секоја жена сака маж кој мириса убаво. Затоа многу е важно да одберете парфем кој ќе ве усреќи. Ова се десетте најдобри парфеми, со кои никогаш нема да погрешете и сигурно ќе ви се допаднат.
1. One Million Intense by Paco Rabanne
Интензивниот и силен мирис го прават овој парфем да биде најпосакуван и најпопуларен отсекогаш. Овој парфем е многу популарен и кај жените, па поголемиот број дами се воодушевуваат кога ќе го препознаат овој парфем кај мажите.
2. A* Men by Thierry Mugler
Силен и мажествен мирис кој ќе ве направи среќни, а вашата поубава половина ќе полудее за вас. Со овој парфем секогаш ќе бидете ѕвезда.
3. Bleu De Chanel
Аромите од цитрус и дрво го прават овој парфем совршен за сериозните мажи. Одличен е за на работа, бидејќи со овој парфем секогаш ќе делувате сериозно и мажествено.
4. Acqua di Gio
Свеж, чист и неверојатно заводлив, ова е парфем за сите мажи кои неуморно заведуваат.
5. Reaction by Kenneth Cole
Уште од своето прво издание од 2004 година, па се до сега, овој парфем е бог за машката самодоверба. Голем број мажи го користат овој парфем, а нивните дами се исто така воодушевени од неговите карактеристики.
6. Diesel Only the Brave Tattoo
Комбинација од мирис на јаболка и дрво, овој парфем ќе ве направи вистински херој кој освојува многу женски срца.
7. Escape by Calvin Klein
Достапен уште од 1993 година, се уште ги освојува женските срца, а мажите гордо го користат. Мирисната комбинација на рузмарин, еукалиптуси и диња, ќе ве натерат да се чувствувате елегантни и свежи.
8. Obsession by Calvin Klein
Популарен уште од 1986 година, се уште е хит кај мажите. Топол и јак мирис кој ја привлекува секоја жена во ваша близина.
9. Hugo Boss
Ако сакате заводлив и мажествен мирис, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Ќе уживате во неговите заносни ноти.
10. Polo Blue Sport by Ralph Lauren
Долгогодишниот фаворит на голем број мажи, а сега е уште подобар и во новата сина верзија. Мирисна мешавина од цитрус, нане, јаболка, дабов мов и мандарини, нуди парфем со кој ќе се чувствувате вистински.