Топ 5 автомобили на идината кои ќе ве остават без збор

Следуваат неколку чуда на технологијата. Некои веќе се во употреба, но само за разни тестирања, а другите чекаат да дојде време

Футуристичките автомобили навистина станаа многу популарни. Сите големи автомобилски компании воведоа свои верзии на футуристички автомобили и мора да признаеме дека изгледаат неверојатно. Тие се дизајнирани да ги направат нашите животи побезбедни, полесни и поевтини.

Toyota iRoad

Содржи само едно седиште и 3 тркала. Оваа мешавина на мотори и автомобили е совршено возило за големите градски гужви. Иако можеби изгледа чудно, овој автомобил е неверојатно стабилен благодарение на својата жироскопска технологија. Направен е од цврсти и издржливи материјали кои ќе ви дадат максимална безбедност и удобност. Тој е неверојатно удобен и нуди многу простор за една личност.

Kia Pop

Kia го откри својот градски автомобил на иднината. Овој автомобил беше претставен уште во 2010 година и е со електричен погон. Со едно полнење, може да надмине 160 километри, а  малите димензии го прават совршен градски автомобил.

Mercedes Benz BIOME

Mercedes исто така покажа дека сака да биде еден од најдобрите производители на автомобили во иднина и го претстави својот BIOME концепт автомобил. Овој автомобил е мешавина од футуристички и спортски дизајн и очекуваме да испорача неверојатни перформанси на своите возачи.

Toyota Nori

Друг модел на Toyota е на оваа листа. Тојота Нори навистина изгледа фасцинантно. Автомобилот е изработен од неверојатно лесен, но и издржлив материјал. Дизајнот е убав, а големите тркала што се испакнати оставаат впечаток дека станува збор за тркачки автомобил во Формула 1. Овој автомобил има голема чиста површина, така што ќе биде вистинско задоволство да го возите на патот.

Terrafugia TF-X

Овој автомобил можеби не изгледа привлечно за вас како другите автомобили на оваа листа, но она што има да го понуди ќе ве разнесе. Ова е едно од првите летачки автомобили, дизајнирани за масовна употреба. Изгледа како совршено нормален автомобил, освен тоа што има крилја на неговиот покрив што ќе ве кренат. Најверојатно, ќе има опција за вертикално полетување, што значи дека ќе можете безбедно да се тргнете од паркинг просторот.