Топ сезонски совети за безбедно возење во есен
·Есента е најпредизвикувачката сезона за возачите поради временските прилики кои сериозно влијаат на возењето.
·Бришачите на шофершајбната доколку се во лоша состојба може да ја намалат видливоста помеѓу 20% и 30%.
·Лисјата на патот ја намалуваат тракцијата на гумите, слично како и да возите по снег.
·Автоматското сопирање, одржувањето на лентата или пак долгите светла се голема помош во оваа сезона
Есента е сезона на бои. Жолтата, портокаловата и кафената нијанса на пејзажот несомнено примамуваат викенд прошетки. Од друга страна, пак, таа е воедно и најпредизвикувачката сезона за возачите, бидејќи тие мора да се соочат со паднатите лисја на патиштата, со студено време, со дождот и подолгите периоди на темнина. Сите овие услови бараат да направите сезонски преглед на вашиот автомобил и соодветно да го прилагодите возењето. Подолу се 9 совети за безгрижно возење наесен.
1.Милиметарска претпазливост. Тротоарот станува студен и влажен наесен, па затоа е клучно да ги проверите вашите гуми. Длабочината и притисокот на шарата на гумата имаат големо влијание врз зафатот и капацитетот на сопирањето, па експертите препорачуваат шарата да биде длабока повеќе од 2 мм и никогаш помала од 1,6 мм, бидејќи може целосно да ја изгубите тракцијата кога возите на влажна површина со 90 км на час . Понатаму, еднаш месечно проверувајте и дали притисокот на гумите е добар.
2.Паднатите лисја се лизгави како и снегот. Тие се прекрасни за гледање, но лисјата на патот, особено кога се влажни, ја прават површината лизгава како кога возите на снег. Поради оваа причина, сезонскиот возач и тркач Jordi Gené препорачува голема претпазливост во пределите каде лисјата го прекриваат патот, но и да се избегне какво било нагло сопирање. „Ако се најдете во ваква ситуација кога сте среде кривина, не правете ненадејни движења со воланот и доколку гумите не изгубат тракција, не обидувајте се да го присилувате воланот додека не ја вратите контролата“, додава тој.
4.Заштитете се од одблесокот. Друг совет е да ја зголемите својата видливост со светлата за магла. Jordi предупредува „никогаш да не ги користите вашите долги светла, бидејќи тие создаваат ефект врз магливото ветробранско стакло, што пак ќе ве спречи добро да ги видите возилата пред вас“.
6.Двојно зголемете ја безбедноста. Не мора само да врне дожд за да биде патот лизгав, истото се случува и поради влагата и ниските температури. „Од оваа причина, мора да бидете претпазливи кога возите по патишта во осој, особено кога има кривини“, вели Jordi. Треба да одржувате двојно безбедносно растојание на влажни коловози, а исто така се препорачува од време на време да притиснете на сопирачките за да ја намалите влажноста на нивната подлога и да ја проверите и потврдите нивната ефикасност.
7.Во случај на излизгување, заборавете на сопирачките. Кратки, обилни дождови се чести наесен, па затоа постои и ризик од излизгување. „Во ваква ситуација, никогаш не ги притискајте сопирачките, сѐ додека тркалата не го вратат контактот со коловозот, па потоа полека исправете го правецот со нежни движења на воланот“, истакнува експертот.
8.Цврсто држење на воланот кога е ветровито. Силниот ветер исто така може да биде предизвик кога се вози по автопат. Намалете ја брзината и држете го воланот цврсто кога претекнувате камиони, бидејќи во спротивно лесно ќе може да се дестабилизира управувачката способност на вашиот автомобил.
9.Нема причина да не ги вклучите долгите светла: Со доаѓањето на зимското сметање на времето, деновите стануваат пократки и повеќето луѓе всушност возат во темница. Употребата на вистинските светла е важно, бидејќи 30% од сите несреќи во Европа се случуваат токму ноќе. Долгите светла се препорачуваат на меѓуградски патишта со мала видливост сѐ додека нема магла, но „многу возачи не ги користат од страв да не го заслепат сообраќајот што им доаѓа од спротива. Тука е корисен Асистентот за долги светла“, објаснува Маите Парис, кој е одговорен на одделот за предни светла во SEAT. Овој систем всушност го детектира присуството на возила во двете насоки и соодветно автоматски ги враќа назад стандардните, средни светла.
Комерцијален текст