Популарната модна компанија, ги израдува сите мажи со парфемот „Toy Boy“ кој е креиран со цел припадниците на посилниот пол да мирисаат заносно и мажествено, а воедно да остави деловен, елегантен и заводлив впечаток на сите кои ќе поминат покрај нив. Праска, бибер, орев, магнолија, роза и сандалово дрво, се само некои од мирисите кои се комбинирани во овој парфем и кои го прават еден од најомилените мириси за ова лето.
Амбалажата на парфемот е доста симпатична и креирана е за да потсетува на мече кое во својата прегратка го држи новиот „Toy Boy“ парфем. Љубителите на Москино парфемот можат да го купат во пакување од 30, 50 и 100 милилитри.