Традиционално за Водици: И годинава Путин нурна во ледена вода (ВИДЕО)
- 19 Јануари, 2021
И
оваа година, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, не пропушти
да се нурне во ледената вода и со тоа да го одбележи празникот Богојавление - Водици.
Ноќта помеѓу 18 и 19 јануари, православните верници го слават Богојавление. Во спомен на крштевањето на Исус Христос, тие влегуваат во ледената вода и покрај зимскиот студ и пливаат кон Светиот крст.
А, рускиот претседател Владимир Путин ја почитува таа традиција.
Иако не плива за Светиот крст, 68-годишниот државник го слави овој празник и не избегнува ледена вода. Скоро секоја година, претседателот на Русија, без двоумење, влегува во вода без оглед на температурата на водата и воздухот и другите временски услови.Така беше и оваа година. Путин нурна три пати и се прекрсти, а сето тоа беше забележано од медиумите.
Фото и Видео: RT