Трае над 10 часа интензивно и непрекинато: Hermes Terre d’Hermes

Hermes Terre d’Hermes е култен парфем на францускиот бренд Hermes. Лансиран е 2006 година и за само десет години успеа да го постигне статусот на машки модерен класик.

Машка сигурност, машка страст, машка моќ, машка доминантност, машка еротичност… Се‘ е собрано на едно место во парфемот.


Започнува со ноти од портокал, зачинети со иритирачки ноти на бибер. Тие се придружени со многу суптилен акцент на грејпфрут. Потоа цитрусниот коктел постепено згаснува, а на негово место доаѓа интригантниот ветивер, потсетувајќи на мирисот на влажна почва по пролетниот дожд. Тоа е придружено со кедар и пачули, кои во голема мера се одлучувачки за карактерот на мирисот. 

Издржливоста на кожа е исклучителна, интензивните ноти се чувствуваат 2-3 часа, по што постепено омекнува, а на кожата може да се почувствува до 10 часа!

Го сметаат за еден од најдобрите машки парфеми на сите времиња!