ТРАГИЧНА ВЕСТ: Почина Стефан Савиќ (23), српски репрезентативец и медалист на СП

Стефан Савиќ, српскиот репрезентативец и бронзен медалист на Светското првенство во ММА, трагично загина во утринските часови.

Оваа информација ја пренесе ТВ Арена спорт и изрази сочувство до семејството и пријателите.

„Стефан Савиќ, српскиот репрезентативец и бронзен медал на Светското првенство во ММА, трагично почина во недела на 25 февруари во утринските часови. Арена фајт упатува искрено сочувство до семејството, пријателите и сите луѓе кои го сакаа Стефан. Sекогаш ќе остане запаметен, не само како шампион, туку како некој кој допрел срца со својата добрина и оставил неизбришлива трага“, велат од Арена Спорт.

Фото: Инстаграм
Извор: Novi.ba