Три години се бореше со тешката болест: Починатиот сопруг на Сандра Булок криеше сѐ од јавноста

Долгогодишниот партнер на популарната холивудска актерка почина по битка со тешка болест.

Модниот фотограф Брајан Рандал имал само 57 години и починал за време на викендот, пишува People.

Двајцата се запознале во јануари 2015 година, кога тој бил фотограф на роденденот на нејзиниот син Луис. Подоцна истата година, тие за прв пат ја објавија својата врска во јавноста и беа заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.

Сандра и Брајан не беа во брак, но актерката го нарече „љубовта на мојот живот“.

„Ја најдов љубовта на мојот живот. Имаме две прекрасни деца и неговата ќерка. Тоа е најдоброто нешто“, изјавила Сандра пред неколку години, пренесува „24седам“ и додала:

„Не сакам да кажам дека нема да го направиме тоа, но не ми треба парче хартија за да бидам посветена сопруга и мајка. Тој е примерот што сакам да го имаат моите деца. Не секогаш се согласуваме, но тој е пример дури и кога е така“.

Семејството на Брајан објави соопштение дека Брајан ја изгубил битката со болеста, која ја криел од јавноста.

„Со голема тага ве известуваме дека на 5 август, Брајан Рандал мирно почина по тригодишна битка со АЛС. Брајан избра да ја задржи својата битка со оваа сериозна болест за себе, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе за да го испочитуваме неговото барање“.