Трикови со кои ќе трошите помалку гориво: Потребен ви е сад со вода и еве зошто не треба да наполните полн резервоар!

Трикови со кои ќе трошите помалку гориво: Потребен ви е сад со вода и еве зошто не треба да наполните полн резервоар!

Експерт дал необичен совет како да трошите помалку гориво!

Горивата растат ширум планетата, а поради новонастанатата состојба во светот, изминативе денови има гужви на бензинските пумпи кај нас, се поради страв дека ќе има недостиг од гориво.

Високите цени на горивата наведоа многумина да размислуваат како да заштедат што е можно повеќе, а експертите од компанијата за лизинг на автомобили, VanArama, ги открија најдобрите совети како да го „растегнете“ резервоарот за гориво што е можно подолго.

Тие посочуваат дека внимателното возење е клучот за заштеда на гориво, бидејќи при секое сопирање се губи енергија, а исто така, моторот што се загрева повеќе отколку што треба значи побрзо губење на енергијата. Едноставно кажано, троши гориво побрзо.

Значи, за да заштедите на гориво, треба да возите што е можно повнимателно, а најдобар начин да го постигнете тоа е да возите со „разумна“ брзина, која не бара често сопирање. Е овде, сад со вода може да помогне.

Експертите од VanArama ве советуваат да ставите сад со вода на совозачкото седиште во автомобилот, па ако течноста се излее од него, тоа значи дека треба да возите повнимателно - да вртите побавно, да не возите пребрзо и полека да кочите.

Уште еден совет од експертите е да ги извадите сите непотребни работи од автомобилот, бидејќи колку е потежок, толку повеќе ќе треба да работи и да троши повеќе гориво.

Дополнително, нивната препорака е да не се полни резервоарот со гориво бидејќи тоа ќе биде и дополнителен товар што ќе го натера автомобилот да троши повеќе.

Експертите советуваат и вашите гуми секогаш да се надувуваат по потреба бидејќи помалиот притисок во гумите создава триење и топлина. Истражувањата покажаа дека автомобилот троши три проценти повеќе гориво за секои 10 проценти помал притисок во гумите од препорачаното.

Фактот дека клима уредот во вашиот автомобил нема да работи постојано ќе ви заштеди малку повеќе гориво и, колку и да ви изгледаат безначајни сите промени, кога се ќе се собере, би можеле да заштедите значителна сума на месечна основа.


Фото: unplash

Извор: мондо