Живот // Живот
Турција повторно се тресеше: Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди централниот дел на земјата
Никако да се смири тлото...
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар југозападно од градот Гоксун, кој има повеќе од 50.000 жители.
Нема извештаи за жртви или материјална штета, јави ТАСС.
фото: unsplash.com