Туристичка инвазија на Турците, Грците и Бугарите во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот
на туристите во октомври 2019 година изнесува 97 347, а бројот на ноќевањата
изнесува 200 027.
Бројот на туристите во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 16.9 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.6 %.
Бројот на домашните туристи во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 11.3 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.3 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 2.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.7 %.
Во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 4.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските има зголемување за 6.1 %. Во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 5.2 %.
Според Бројот на туристи и ноќевања по земја на припадност, Турците го држат првто место, со дури 9379 туристи. Веднаш зад нив се Грците, со 7213 туристи. Трети се Бугарите со 4335 туристи.
Еве ја табелата: