У15: Македонија победник на Уефа развојниот турнир штo се одржуваше во Скопје
Репрезентацијата на Македонија до 15 години е победник на Уефа развојниот турнир штo се одржуваше во Скопје.
Македонија во последниот натпревар успеа да го совлада Косово и да заврши на првата позиција.
Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски уште на стартот од натпреварот преку Ангелевски пропуштија извонредна можност.
Во 27. минута, Грашевски погодува за предност на Македонија по одличното додавање на Бранковски.
Во продолжението од мечот, Косово израмнува во 64. минута. Во 69. минута Грашевски по втор пат се запишува во листата на стрелци за предност и победа на Македонија. Голема заслуга за вториот погодок имаше Стаматовски, кој по одличниот продор по левата страна, асистираше за Грашевски.
Македонија: Џангаровски, Жаку, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашевски, Назиф, Бојовиќ, Заев;
Репрезентацијата на Македонија до 15 години одигра одличен турнир, во кој нашите млади фудбалери се наметнаа со одлична офанзивна игра и модерен фудбал. Еден од најзаслужните за овој триумф, селекторот Раде Каранфилоски одлично ги подготви нашите младите фудбалери, со што покажа дека дека оваа генерација поседува голем квалитет и дека во иднина може да очекуваме нови позитивни резултати. Ова беше трет собир на младата репрезентација, селекторот Раде Каранфилоски заедно со стручнот тим работат напорно и полека но сигурно создаваат одлична генерацијана млади фубалери.