Убил мајка и дете: Пишуваат петиција за негово ослободување од затвор затоа што е „премногу сладок“!
Дали сте
нормални?
Некои корисници на ТикТок се залагаат Камерон Херин, 21-годишен маж, кој во несреќа уби мајка и дете, да му биде укината затворската казна, бидејќи сметаат дека е „премногу симпатичен“, пишува Унилад.
We won't give up until you get out of prison, Cameron
— ساره (@GKI4AGk3KcY6Vro) August 10, 2021
#cameronherrin pic.twitter.com/Co8hWdIy03
Камерон Херин беше осуден во април 2021 година на 24 години затвор, откако се изјасни за виновен за смртта на Џесика Робенолт и нејзината 20-месечна ќерка Лили, удирајќи ги со неговиот Форд Мустанг додека се тркал со друг автомобил.
Откако беше изречена пресудата, бројни луѓе (главно жени, да не се лажеме) почнаа да споделуваат статуси и снимки на социјалните мрежи со хаштаг „правда за Камерон“.
„Се надевам дека ќе му простат. Изгледа невино, тоа не го направи намерно“, е еден од коментарите.
We need more #Video_Supporters. Please let’s share this video & encourage others to do the same… #cameronherrin #justiceforcameronherrin pic.twitter.com/qReJj9wHeM
— Alex B. (@alexy_bz) August 2, 2021
„Премногу си симпатичен. Се заљубив во криминалец", напишал друга корисничка.
ТикТокерка Хана Кош спомена во видеото дека илјадници корисници отишле толку далеку што потпишале петиција за ослободување на Херин од затвор.