Спорт // Спорт
УЕФА ја изрече казната за Фенербахче по скандирањата на навивачитe, Путин, Путин, на меч со Динамо Киев
УЕФА ја изрече казната за Фенербахче по навивачките скандирања на средбата со Динамо Киев во квалIфикациите за Лигата на шампионите.
Како што E познато, Динамо Киев среде Турција го елиминира Фенербахче во квалификациите за Лигата на шампионите, запиша победа со 1-2 по продолженијата.
Украинците поведоа со гол во 57-та минута преку Виталиј Бујалски, а тој неспортски ги испровоцира навивачите на Фенербахче, потоа турските навивачи го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин.
„Клубот е казнет со 50.000 евра, и делумно затворање на најмалку 5.000 места за следниот европски домашен натпревар на Фенербахче“, соопшти УЕФА.