Ултра скапи подароци за невестата, ама добро се офајди и нејзиниот брат: Вака изгледа луксузна албанска веридба ВИДЕО
Обичаите на веридбите се разликуваат од нација до нација, а често дури и во рамките на истата нација, во зависност од тоа колку далеку во традицијата оди почитувањето на одредена група луѓе. Некои сакаат да означат сè многу скромно, а некои сакаат да го означат како „на големо“ - така да се каже.
Албанка по име Елизабета на својот TikTok покажа како изгледа запросувањето во нејзиниот случај, а не можеа да изостанат реакциите.
Елизабета, девојка од Албанија, меѓу другото покажала какви подароци ѝ носи идниот младоженец, но и на нејзиното семејство - пред се' на нејзиниот брат.
@betaatas Just for our nuse #albanian #engagement #fejsa #kunta original sound - DM Films
Така, во првиот клип можевме да видиме многу дарежливи подароци наменети за него, а меѓу другото имаше лакирани и скапи чевли, парфеми, рачен часовник, ремени и чоколади. Секако, сè беше во проѕирни кутии обложени со златни детали.
Идната невеста потоа ги покажа своите подароци - златен фустан со голем ѓердан, чевли, чанта и повеќе накит. Погодувате - од злато. Не и недостигаа парфеми, но ниту слатки.
@betaatas Replying to @Jamy Liriano #albanian #engagement Ty tka rritur nana - DJ Gimi-O
Потоа сите се почестија со слатки и солени специјалитети - што исто така беше снимено и објавено на социјалните мрежи.
Во коментарите, некои беа многу изненадени од сцената и мислеа дека младенците отишле во големи екстреми и своевидно претерување и фалење со парите што ги имаат, а други пишуваат дека ваков третман секоја девојка заслужува.
Во продолжение Елизабета сподели неколку видеа од венчавката, која исто така беше многу гламурозна и скапа, но најважно – радосна.