Успешен старт на онлајн наставата и на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет

Онлајн наставата на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) во новата академска година, која започна на 5 октомври, се одвива без никакви проблеми преку видео предавања, споделување електронски материјали и интеракција помеѓу професорите и студентите. Во наставата се вклучени сите студенти, како новозапишаните, така и оние кои продолжуваат со студиите, а кои веќе имаат искуство со следење онлајн настава. МБУ беше првиот универзитет во земјава кој веднаш по почетокот на пандемијата со Ковид-19 стартуваше со онлајн настава за своите студенти со креирање интегрирана платформа за електронско учење наречена „Хело“ (Hello! Online System). На овој начин студентите од земјава и од странство добија можност редовно да ги следат предавањата, со што успешно заврши и летниот семестар, а потоа онлајн и да ги полагаат испитите.


Преку онлајн платформата се одвиваше и аплицирањето за стипендии, согласно новата Програма за стипендирање која од годинава стартуваше на МБУ, а се базира на остварениот успех во средното образование. Притоа, најдобрите ученици добија целосна стипендија и се ослободени од плаќање школарина, а останатите делумна, во зависност од успехот. На овој начин со стипендии се здобија над 300 студенти од земјата и од Балканскиот регион. Програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет низ која досега поминаа над 1500 студенти веќе прерасна во најистакнат општествено-одговорен проект во високото образование во државата и регионот.

Без физичко присуство, со цел запазување на мерките на претпазливост и заштита на студентите и кадарот на Универзитетот, се одвиваше и процесот на  запишување на зимскиот семестар од академската 2020/2021. За оваа цел, преку „Хело“ платформата беше развиен нов систем за онлајн запишување на семестарот и селекција на предмети кои ќе ги слушаат студентите, а целиот процес помина без никакви проблеми и пречки.

Согласно редовниот распоред на предавања и вежби за зимскиот семестар од новата академска година, на онлајн платформата се креирани преку 500 предмети од 17 додипломски и 11 последипломски студии. Центарот за онлајн настава при Универзитетот, преку кој се спроведува наставата на „Хело“ платформата, е опремен со најсовремени услови, сите потребни технолошки решенија за ваков неконвенционален, но модерен метод на настава, што се покажува како успешен и во новата учебна година.


Меѓународниот балкански универзитет е посветен кон образованието и науката и како таков нуди модерни образовни решенија. Тоа го потврди и во новонастанатата состојба со префрлање на целокупниот образовен процес онлајн – од аплицирање, запишување на студентите, преку следење на настава и полагање на испитите, што е единствено решение во вакви услови кога постои опасност од загрозување на здравјето на студентите, нашите вработени, но и на нивните семејства. Фактот дека успеавме успешно да го спроведеме и завршиме летниот семестар, вклучително и полагањето на испитите на овој начин, нѐ охрабри образовниот процес да го продолжиме онлајн и во новата академска година, додека не се создадат услови за продолжување со редовниот начин на студирање – со присуство на студентите на кампусот и амфитеатрите, што сите се надеваме дека ќе се случи набрзо“, вели Висар Рамадани, Генерален секретар на МБУ.

Комерцијален текст