Живот // Живот
Ужасите на коронавирусот: Почина пејачот Васил Ангов
Коронавирусот навистина не бира. Подмолен, ужасен, невидлив и уништува...
Токму поради компликации од ковид-19, синоќа почина музичарот Васил Ангов (51), а тажната вест ја објави неговиот син.
Пејачот починал во приватна болница во Скопје, каде се лекувал од коронавирусот.
Тој беше вработен во Царинската управа во Гевгелија каде има уште неколку вработени кои се заболени од ковид-19, информира градоначалникот.
Ангов остана препознатлив по песната „Премногу ти верував“ која ја отпеа на фестивалот „Макфест“ во 1995 година. Зад себе остави неколку песни како „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.