Забава // Занимливости
Вака изгледа најмалата куќа во Лондон: Има само 13 квадрати (ВИДЕО)
- 09 Јуни, 2023
Поранешна такси канцеларија од само 13 метри квадратни стана најмала куќа во Лондон. Ова е дело на архитектите Нина Толструп и Џек Мама.
Минијатурните станови од само неколку метри квадратни се популарни во многу светски метрополи каде што трошоците за живот се високи, а побарувачката за станови е голема.
Поради големите прозорци низ кои влегува многу дневна светлина и неутралните бои на мебелот, ова е пристојно место за живеење. И во други делови на светот имаше слични примери со минијатурни станови каде го имаше најосновното што е потребно за живеење на еден човек.
Фото и Видео: Youtube