Вака изгледа животот на -71 степен: На најладното место на планетата, куќите немаат тоалет, а една појава е фрапантна (ВИДЕО)

Десет степени под нулата изгледаат многу пријатни во споредба со -45, каде што во моментов е во Јакутск, најстудениот град во светот.

Просечната температура таму за јануари е -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен, поточно во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на Земјата.

Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на овој град преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е толку студен што за изложената кожа, може да претставува опасност од замрзнување.

Како живеат луѓето во Јакутск?

Па, како луѓето воопшто го преживуваат овој студ? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која штити од студот стана незаменлив дел од нивниот живот.

За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од зградата, како и теписи на надворешните скали бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.

<iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/Fz4ZMLsPzqM?si=E3QYXtvPToKr0quO" title="YouTube video player" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share" allowfullscreen></iframe>

Во селото Ојмјакон, на пример, луѓето живеат без канализација бидејќи цевките замрзнуваат, па тоалетите се претежно надвор од куќата. Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.

Јакутск има приближно 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов. Ројтерс во минатогодишниот извештај ги праша жителите на овој град како се справуваат со студот. Многумина одговориле дека дури и не чувствуваат дека е толку студено бидејќи нивниот мозок едноставно се подготвува за тоа. Ниските температури за нив се нормални, велат, бидејќи се навикнати одамна.

Во градот кој се наоѓа на приближно 450 километри јужно од Арктичкиот круг, земјата е студена дури и во лето, кога температурите може да се искачат до 30 степени или повеќе. Земјата никогаш не се одмрзнува. Но, интересното е што во Јакутск во лето има многу комарци бидејќи лежи на реката Лени.

Фото: Принтскрин/јутјуб
Извор: Kurir.rs