Вака тоа го прави вистински маж: Налепницата на едно југо во Хрватска е апсолутен хит
Не му се потребни електрични прозорци, фантастична опрема, ABS, електрични сопирачки, воздушни перничиња за да изгледа и да се чувствува моќно на патот.
Сопствениците на Zastava 45 - југо се посебен вид на возачи. И не дај Боже да им кажеш нешто или да се пожалиш на нивното легендарно Југо, затоа што веднаш ќе се фрлат во одбрана на нивниот лимен миленик, кој за нив е најдобрата кола на светот.
Не му требаат електрични прозорци, фенси опрема, ABS, електрични сопирачки, воздушни перничиња за да изгледа и да се чувствува моќно. Токму тоа еден сопственик гордо го истакнал на задната страна на своето југо со налепница на која се гледа колку е бестрашен.
„Нема воздушни перничиња. Умираме како вистински мажи", пишува на налепницата на Југото, која е направена некаде во Хрватска, а фотографијата е објавена на популарната страница Squatting Slavs In Tracksuits, каде собра над 49 илјади лајкови.
„Научив да возам на оваа кола. После оваа кола знаете дека можете да возите било што со тркала“, „Отидовме на одмор со југото, 5 возрасни и 4 деца и многу багаж“, „Како да се одмрзне задното стакло на југото - со раце додека туркаш да работи“, се само дел од илјадниците коментари.
Фото: Фејсбук/Youtube - screenshoot