Спорт // Спорт
Вардар ја одбрани титулата во Купот, Талески МВП
Вардар со победа во Кавадарци ја одбрани титулата во Купот на Македонија, во финалето запиша минимална победа против Еурофарм Пелистер со 23-22.
Филип Талески со гол во последните моменти од средбата донесе титула на Вардар, за црвено-црните ова е рекордна 15. титула во Купот на Македонија.
Талески со шест гола беше најефикасен кај Вардар, додека во тимот на Еурофарм Пелистер, Периќ и Граџан постигнаа по пет.