Вардар се засили напаѓач кој има 5 настапи и еден гол за најдобрата репрезентација на Македонија

Кире Маркоски е новото засилување на Вардар, потпишувајќи едногодишен договор со црвено-црните.

Вардар го официјализира трансферот на   27. годишниот напаѓач кој има 5 настапи и 1 постигнат гол за најдобрата репрезетација на Македонија, 6 голови на 16 нстапи за младата репрезентација, вклучувајќи ги и настапите на Европското првенство вo 2017-та. 


Маркоски има над 150 настапи во првата фудбалска лига на Македонија, освоена една титула и два купа. Како интернационалец има настапи во Аел Лимасол на Кипар, и Спартак Трнава каде го освојува купот на Словачка во 2019-та.