Васовски ќе може да биде селектор на У21 селекцијата, само доколку Канатларовски поднесе оставка

Шпекулации во јавноста за нов селектор во У21 селекцијата, според „чаршиските“ муабети, Александар Васоски е можен наследник на Драган Канатларовски.

Нашите информации велат дека се тоа само шпекулации, Драган Канатларовски има сè уште важечки договор со федерацијата на уште две години, а таму барем засега не се размислува за негова смена.

Васовски се раздели со Сараево, каде беше од почетокот на годината, и сега слободен на „пазарот“.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.

На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески“ гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.