Важно: Еве зошто никогаш не треба да го загревате спанаќот
Спанаќот најчесто го презиравме како деца секогаш бевме принудени да го јадеме на сила. Да не беше Попај, можеби никогаш немаше да го пробаме, но денес како возрасни луѓе сме свесни за предностите и придобивките што ги има овој зеленчук.
Спанаќот содржи големи количини на витамини и минерали, како што се фолна киселина, витамин А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум. Содржи и лутеин и зеаксантин, поради што е одличен борец во борбата против вирусите и инфекциите. Овој зеленчук лесно се подготвува и е одличен прилог со месо и уште еден извор на протеини, бидејќи лесно се вари и затоа што го подобрува вкусот на месото.
Сепак, многу луѓе не знаат дека спанаќот не треба да се загрева. Кога спанаќот се загрева, нитратите кои се наоѓаат во спанаќот се претвораат во нитрити, кои понатаму се претвораат во нитрозамини, кои можат да бидат многу штетни, па дури и канцерогени за човечкиот систем. Затоа спанаќот никогаш не се готви долго и доволно е само да се вари неколку минути во зовриена вода. Првото готвење на спанаќот нема да доведе до огромно таложење на нитрозамини, но секое наредно загревање ќе ја зголеми концентрацијата. Затоа, секогаш јадете спанаќ после готвењето и ќе успеете да останете здрави и да ги искористите сите корисни состојки на овој неверојатен зеленчук.
Фото:freepik