Велат – ист е како мајка му! Филип Живојиновиќ дојде на натпреварот на својот помлад полубрат со мајка си и нема да верувате колку си личат

Се чини дека постариот син е навистина слика и прилика...

Филип Живојиновиќ несебично ги поддржува сите членови на своето семејство и тоа синоќа го докажа уште еднаш.

По успешното завршување на турнејата на неговата сопруга Александра Пријовиќ насловена „Од исток до запад“, на која Филип ја следеше и ја бодреше на секој чекор, младиот пар замина на заслужен одмор.


Јавноста неодамна беше воодушевена од веста за втората бременост на пејачката, а додека се подготвуваат да го прошират семејството, секој момент се обидуваат да го поминат во друштво на своите најблиски.


Така, Филип синоќа беше фотографиран со мајка си Зорица Накиќ во првиот ред на навивачите на кошаркарски натпревар кој се одржа во белградска Арена.

Имено, двајцата дојдоа да му дадат поддршка на помалиот син на Зорица и полубрат на Филип, Марио Накиќ, кој од почетокот на актуелната сезона настапува за кошаркарскиот клуб Паризан.

На фотографиите можете да ги видите како навиваат, се радуваат и се нервираат додека го следат драматичниот тек на натпреварот.

Гордата мајка носеше елегантна црна ролка и панталони во истата боја, додека нејзиниот постар син се одлучи за темнен џемпер и темно портокалови панталони кои ја разбија монотонијата.


За потсетување, Зорица Накиќ првично беше во брак со Слободан Бобо Живојиновиќ, со кој го доби синот Филип, додека подоцна во бракот со кошаркарската легенда Иво Накиќ ги доби синот Марио и ќерката Ива.

Познато е дека Филип има двајца полубраќа од страната на неговиот татко, Стефан и Виктор Живојиновиќ, кои Боба Живојиновиќ ги дели со неговата сегашна сопруга, пејачката Лепа Брена.

Како најстар од двете страни, тој се труди да биде вистински пример, столб на поддршка и охрабрување на сестрата и браќата во сите важни моменти.

 Повеќе фотки од Филип и неговиот полубрат.

View this post on Instagram

A post shared by Filip Branislav Živojinović (@f.zivojinovic)


ФОТО: Инстаграм