Вељко збесна - му ја избришаа фотографијата со Аркан: Јавно им се закани
Инстаграм на Вељко Ражнатовиќ му ја забрани фотографијата со покојниот татко...
Вељко Ражнатовиќ на Инстаграм сподели профилна фотографија со покојниот татко, на која што е во прегратките на својот татко.
Фотографијата наиде на бурни реакции, а некои корисници на оваа социјална мрежа ја пријавија оваа објава, како содржина која промовира насилство.
Инстаграм ја отстрани оваа фотографија со следното образложение:
„Вашето стори ги крши правилата на нашата заедница. Сторито е отстрането поради промовирање на насилство или опасни организации.“
Вељко на ова бурно реагираше и порача: „Да ви ја е**м мајката на сите поединечно.“
Инстаграм и порано ги отстрануваше неговите објави, па така неодамна фотографијата од крштевката на неговиот син беше отстранета. Причината било тоа што покрај фотографијата напишал дека момчето е крстено на големиот празник Петровден, но и на денот на ослободувањето на српскиот народ.