VEMILK советува - Зошто е добро да се консумира сирење и кашкавал?

Правилната исхрана значи здравје,среќа, позитивна енергија и придонесува за благосостојба и хармонија во семејството. Начинот на исхрана се стекнува од најмала возраст и влијае за растот, развојот и животниот стил кој ќе го изгради детето. Заедничките моменти во семејството, заедничкиот појадок, ручек или вечера помагаат во креирањето и практикувањето на здрави навики.

Дали знаете дека сирењето и кашкавалот се исклучително здрава храна? Млечните производи се составен дел од секојдневната исхрана кај најголем процент од луѓето, независно дали се користат како предјадење или во главно јадење. Дали ги знаете причините зошто е добро често да се консумира сирење и кашкавал?

Сирењето и кашкавалот се едни од омилените јадења за многу луѓе во светот. Овие млечни производи наоѓаат широка примена во готвењето и даваат фантастичен вкус на секое јадење. Според некои истражувања, луѓето кои секојдневно консумираат млечни производи имаат помала телесна тежина и помалку телесни масти.

Сопствениците и вработените во млекарата VEMILK од Битола следејќи ги истражувањата и користејќи ги најдобрите технологии и суровини секогаш се трудат да ги понудат најдобрите и најквалитетните млечни производи на пазарот. Токму поради тоа што задоволството и лојалноста секогаш им се приоритет, споделуваат неколку совети и факти зошто е добро често да се консумира сирење и кашкавал.

Сирењето и кашкавалот се млечни производи кои се богати со протеини, хранливи материи и калциум, а притоа содржат и фосфор, цинк, како и голем број на витамини – А, Б, Д и Е. Млечната маст во овие производи е исклучително важна и истата придонесува за зголемување на енергијата кај луѓето во текот на денот.

Сирење и кашкавал – одличен извор на протеини

Млечните производи содржат многу протеини, па затоа истите се добра замена за оние кои сакаат да го намалат внесувањето на месо и месни производи. Протеините помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта, подобрувањето на здравјето на мускилите и коските, ја зголемуваат енергијата, а исто така помагаат во апсорбирањето на другите хранливи материи.

Го зајакнуваат здравјето на коските, кожата и косата

Бидејќи се богати со калциум и витамин Б, сирењето и кашкавалот се одлични за здравјето на коските, а особено се препорачува да ги консумираат децата, старите лица, бремените жени и доилки. Исто така, овие млечни производи ја одржуваат кожата еластична, здрава и сјајна. Здрава кожа е желба на секој човек, а витаминот Б помага кај клеточниот метаболизам и растот на клетките, кој даваат блескав сјај на кожата. Богатиот извор на калциум е корисен за одржување на здрава коса.

Го намалуваат крвниот притисок

На луѓето со крвен притисок им се препорачува да го намалат внесот на маснотии. Големата содржина на витаминот Б во сирењето и кашкавалот може да им помогне на луѓето кои имаат висок крвен притисок да го регулираат истиот.

Го подобруваат расположението и функцијата на мозокот

Кашкавалот и сирењето можат да содржат и аминокиселина наречена тирозин, за која е познато дека придонесува за намалување на стрес во организмот и предизвикува реакции на допамин. Некои истражувања покажуваат дека високите дози на тирозин можат да ја намалат депресијата. Исто така, веќе е многу познато дека сирењето и кашкавалот содржат високо ниво на пробиотици кои го подобруваат расположението, ја намалуваат вознемиреноста и делуваат против депресијата. Тоа најмногу е видливо кога млечните производи се користат редовно во секојдневната исхрана.

Производите на VEMILK со својот уникатен вкус и одличен квалитет може да се најдат во доброснабдени маркети и колонијални продавници низ Македонија. За повеќе информации за производите на VEMILK и начинот на производство, посетете ја веб страната https://vemilk.com/ или фан-станата на Facebook https://www.facebook.com/Vemilk.mlecno.vkusno/.

ПР објава