Верувале или не: Мерседес го претставува електричниот G-WAGEN
Сите веќе знаеме дека светот на автомобилите брза кон електрификација, но сигурно не очекувавме дека наскоро, или некогаш, ќе имаме можност да видиме електричен Мерцедес Г-Ваген, или можеби Е-Ваген…
Воведување на Mercedes EQG - модел на концептна фаза кој изгледа подготвен за масовно производство, и кој нема да не изненади ако се појави на пазарот во следните две години. Електрифицираната Г-класа дебитираше на саемот ИАА 2021, што оваа година се одржува во германскиот град Минхен. Мерцедес не изненади со овој концепт, бидејќи претходно ги објавија своите планови да го трансформираат овој SUV модел во нешто еколошки посвесно. Сепак, мора да признаеме дека сме импресионирани од брзината со која славната марка исфрла електрични автомобили.
Да ја започнеме оваа приказна со стил. За среќа, електричниот G-Wagen не го загуби својот познат квадратен дизајн кој не се промени многу од првото деби на моделот во 1979 година. Мерцедес додаде LED фарови на својот познат модел, наместо да ја менува формата. EQG, како EV модел, веќе нема традиционална решетка, но доби црна табла со осветлени заоблени квадрати кои создаваат изглед на решетка и додаваат тродимензионалност на славниот амблем.
Можеме да видиме тркалезни светла на ретровизорите, додека решетката на покривот исто така доби интегрирано осветлување. Страните на автомобилот имаат светлосни ленти, додека задниот дел изгледа многу слично со традиционалната Г-класа, без резервен држач за гуми кој е заменет со кутија со заклучување која може да држи кабел за полнење. Се разбира, самата кутија е осветлена со LED светло.
Мерцедес тврди дека EQG не ја загубил моќта и теренските способности. Тој се уште ја има истата шасија. Електризираниот модел доби независна суспензија на предните тркала и оска за задните. Марката посвети по еден електричен мотор на секое тркало, за да му даде флексибилност на 4WD, што значи дека не му требаат диференцијали со брави и ќе биде далеку повеќе ориентирана кон возачот и способна за сите услови на возење. Електричните мотори се познати по нискиот вртежен момент, што треба да ја елиминира потребата за менувач со мал дострел. Сепак, од марката Мерцедес велат дека работат на „променлив менувач со 2 брзини“.
Извор: Lux life