Живот // Живот
Вештерки: Џенифер Лопез во Мадона, а Мадона во сицилијанска вдовица
Едната ја ситни шестата, а другата седмата деценија. И двете музички икони. Едната латино, другата поп кралица. Џенифер Лопез и Мадона скоро ништо немаат заедничко, ама кога се работи за трансформации, и двете се на врвот.
За Ноќта на вештерките Лопез за чудо се маскира во Мадона, инспириранa од изданието за време на изведбата на песната „Like A Virgin“ на доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите во 1984 година.
А Мадона се претвори во мрачна сицилијанска вдовица и на драматичен начин преку фотографии го долови црнилото.
Драма кралици, мора да се признае.