Ви претставуваме два модели на Ролс Ројс: По еден да ни подарат би било добро

Ролс Ројс пред извесно време ја претстави својата колекција Landspeed, автомобили со ограничено издание, базирани на изданијата на Black Badge на моделите Wraith и Dawn…

Легендарната британска марка отсекогаш била синоним за луксуз и раскош, но како што сугерира името, овие две ограничени изданија на некој начин се поврзани со брзински рекорди, што обично не се става во ист кош со автомобилите на Ролс Ројс.

Всушност, на 16 септември 1938 година, британски инженер, капетанот Џорџ Ејстон успеа да го постави својот трет и последен рекорд на брзина од 575 километри на час во неговиот аеро-динамичен модел „Тандерболт“, кој вклучуваше два аеро-мотори на Ролс Ројс Р В12. Колекцијата Rolls Royce Landspeed му оддава почит на ова историско достигнување.

„Со оваа колекција го оживеавме сеќавањето на Ејстон и повторно ја раскажавме неговата неверојатна приказна. Во моделите Wraith и Dawn Landspeed, клиентите ќе најдат голем број на суптилни елементи на дизајнот и наративни детали што ги обележуваат неговите неверојатни достигнувања, визија и извонредна храброст “, изјави извршниот директор на Ролстон Ројс, Торстон Мулер-Отвос.

Двата модели на специјалното издание добија уникатни детали и ознаки, токму за таа цел. Специјалниот третман што го доби оваа колекција беше инспириран од солените полиња во Боневил во Јута, каде Ејстон ги постави своите рекорди. 

Во внатрешноста, во моделот Wraith го имитира ноќното небо над солените полиња на 16 септември 1938 година, кога Ејстон го постави својот славен рекорд. Бидејќи Dawn е кабриолет, тој не ја доби таа опција.