Автомобили // Автомобили
Видео: Брзи и бесни, ама формули со електрични мотори
Формула 1 шампионатот го следи мултимилионска публика ширум светот со годишен обрт на неколку милијарди долари, но се поголемо внимание привлекува и шампионатот на Формула Е што е сосема друг вид на тркачко натпреварување.
Сите болиди во Формула Е работат на мотор на електричен погон и без оглед на стереотипите дека не можат да постигнат доволна брзина која би била атрактивна за следење навистина би се изненадиле.
Целта на Формула Е натпреварувањето е да се промовираат новите обновливи извори на енергија и замена на фосилните горива кои премногу ја загадуваат планетата.