(ВИДЕО) Bugatti Chiron ги сруши сите рекорди во брзина
Chiron е првиот произведен автомобил кој постигна брзина од 490 километри на час.
Сите знаеме дека Bugatti автомобилите се екстремно брзи, но новиот модел успеа да оствари нешто незамисливо. Овој автомобил успеа да ги пробие границите од 480 километри на час и да стане најбрзиот произведен автомобил.
„Како рекорд! Воодушевени сме и шокирани што успеавме да станеме првите производители кои ја остварија оваа брзина. Ова е рекорд кој ќе се памети со години и кој ќе зададе нова задача на другите компании за автомобили. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот Bugatti , но и на возачот Енди Волас на неговото спектакуларно возење“ - рече Стефан Вилкенман, претседателот на компанијата Bugatti.
Оваа нова задача која ја зададе Bugatti, не тера да мислиме дека за брзо ќе видиме и други компании кои пробуваат да ги остварат овие брзини и да го победат феноменалниот Chiron.