Спорт // Спорт
ВИДЕО: Чурлинов го развиори македонското знаме при прославата за пласманот во Бундеслигата со Шалке
Шалке го победи дома Сент Паули со 3-2 иако губеше со 2-0, стигна до пресврт победа и обезбеди враќање во Бундеслигата на коло пред крајот, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра уште еден фантастичен меч, асистираше и играше до 79 минута.
Македонскиот репрезентативец секако ќе игра во Бундеслигата, дали за Шалке или за Штутгарт е само единствено прашање.
Чурлинов е на позајмица во Шалке каде се етаблираше како стандарден играч, сака да остане, клубот од Гелзенкирхен исто така сака да го задржи.
Пласманот во Бундеслигата, Чурлинов го прослави со македонско знаме при интервјуто за „Скај Германија“.
ВИДЕО:
https://twitter.com/dribling2021/status/1523190147772469248