ВИДЕО: Голот на Несторовски со кој ја заврши сезоната во Серија А

Удинезе со 4 гола ја прегази Салернитана во последното коло во Серија А, автор на еден гол беше и Илија Несторовски.

Несторовски со гол се збогува од дресот на Удинезе, тој погоди во 34 минута кога зголеми на 2-0.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1528609101898518528

Несторовски подолго време се опоравуваше од повредата, по 15 месеци  се запиша во листата на стрелците и со стил го заврши престојот во Удинезе.