(ВИДЕО) Градоначалникот нареди копање на 600 гробови: Има порака за своите граѓани!

Досега се пријавени околу 40 случаи на коронавирус во украинскиот град Днипро, но нема регистрирано смртни случаи, а локалните власти веќе ископале 600 нови гробови.

Градоначалникот на Днипро, град со скоро еден милион луѓе, воведе драстични мерки со цел локалното население да ги разбере опасностите од занемарување на мерките за социјална оддалеченост. Минатата недела градоначалникот Борис Филатов напиша на Фејсбук дека локалните власти се подготвуваат за најлошото, додавајќи дека над 600 нови гробови се веќе ископани во подготовките за очекуваната смрт.

„Ние се подготвуваме за најлошото.  600 гробови се ископани во градските гробишта за евентуално погребување при смртни случаи од коронавирус. Илјада дебели пластични кеси беа купени за складирање на тела“, напиша Филатов.

Филатов, исто така, напомена дека на медицинските професионалци ќе им биде забрането обдукција на лица за кои се верува дека починале од коронавирус.

И, како да тие изјави не беа доволни за да ги заплашат луѓето да ги почитуваат правилата во градот, почнаа да кружат фотографии од стотици свежо ископани гробови,  на Интернет, јавува „Одита Централ“.

Реакциите за изјавите на градоначалникот беа поделени. Некои го обвинија за ширење паника, додека други веруваат дека постапил правилно затоа што луѓето ќе бидат повнимателни. Филатов подоцна изјави дека не станува збор за паника, туку за логистика. „Не дај Боже ни требаат тие гробови и вреќи“, рече тој.


извор: srbija danas