(ВИДЕО) Како да ги отстранете наборите од кожените патики?
Сите го знаеме чувството кога на себе ќе облечеме пар нови и оригинални патики. Меѓутоа, нивниот сјај набрзо опаѓа, дури и покрај секојдневното чистење, бришење и заштита.
Покрај нечистотиите и уништување на материјалот, постои и друг поголем проблем, а тоа се наборите на материјалот кои обично се создаваат на местото каде што вашето стопало се вие при движењето.
Овие набори знаат значително да го уништат изгледот на вашите патики, па затоа одлучивме да ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат како да го спречите нивното создавање. Јутуберката Шантел де Бонсу ја открива тајната за овој проблем.
Се што ви е потребно е топла вода, пешкир и пегла.
Шантел покажува како треба да го намокрите пешкирот со топла вода, а потоа да го префрлите преку наборите на патиките. Последователно, треба да ја земете пеглата и да ја доближете до мокриот пешкир. Така ќе се создаде пареа и топлина која ќе ги исправи наборите и вашите патики повторно ќе се вратат во првобитната состојба.
Погледнете го видеото и сами ќе се уверите како функционира овој метод: