(ВИДЕО) Како да го решите проблемот со заглавените штрафови на тркалото?
Промената на тркалата не е премногу тешка работа, но ако ви се „заглават“ штрафовите, е дури тогаш започнува пеколот...
Ако некогаш сте
го менувале тркалото, тогаш знаете колку е тешко да ги одвртите штрафовите на
фелната. Иако во нашите комплети за менување гуми имаме клучеви за одвртување,
тие едноставно не се доволни за да ги одвртат старите штрафови. Нивното
одвртување е тешко од неколку причини. Првата работа е 'рѓата и нечистотијата
која се таложи и го отежнува нивното ослободување, а втората причина е нивната
затегнатост.
Ако ги промените гумите кај вашиот мајстор, ќе забележите дека многу често користат пневматски пиштоли, кои за неколку секунди ги затегнуваат и ги ослободуваат сите штрафови.
Сепак, постои начин кој ќе ви помогне да ги одвртите сите штрафови со леснотија. Сè што треба да направите е доволно голем лост, а физиката сама ќе ја заврши својата работа. Колку е поголем лостот, толку е поголема силата за одвртување, а бидејќи клучот што го добивате во комплетите за менување гуми е мал, тогаш е препорачливо да надоврзете нешто друго кое ќе ви биде од помош.
Овие додатоци можете да ги купите во разни продавници за автомобили, но можете да користите и обична шуплива метална цевка што едноставно ја ставате преку клучот за да ги одвртите и завртите завртките.