(ВИДЕО) Како да ја отстраните гумата за џвакање од седиштето во автомобилот?
Дали некогаш ви се случило при влегување во автомобил да седнете врз гума за џвакање, па на тој начин да ги уништите вашите автомобилски седишта?
Ова може да создаде доста непријатни проблеми, посебно ако со панталоните на кои ви се залепила гумата за џвакање седнете во вашиот автомобил. Гумата за џвакање ја користиме сите секојдневно, но кога ќе се залепи за ткаенина, нејзиното отстранување може да биде многу проблематично.
Вашите баби веројатно ве учеле дека мастиката најлесно ќе ја отстраните така што ќе ставите малку оцет на вашата облека, но ние ви нудиме многу подобро и поедноставно решение.
Сѐ што ви е потребно е една коцка мраз. Нанесете мраз и минимум две минути нанесувајте го врз гумата за џвакање. Така, таа ќе станува сѐ потврда. Кога ќе стане доволно тврда, едноставно одлепете ја од вашата облека и од седуштето на автомобилот.
Ако на ткаенината останале парчиња од гумата за џвакање, тој вишок отстранете го со помош на нож.