ВИДЕО: Кјелини бурно и со овации поздравен од навивачите, легендата го одигра последниот танц со „старата дама“

Џорџо Кјелини по 18 години заврши со Јувентус, легендарниот дефанзивец на „старата дама“ против Лацио го одигра последниот натпревар во црно-белиот дрес.

Кјелини беше стартер, а во 18 минута беше заменет на мечот со Лацио, тоа предизвика еуфорија кај навивачите кои ја испратија легендата.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1526432370500542466

Дуелот меѓу Јувентус и Лацио заврши со нерешни 2-2, домашните водеа со 2-0, на крај, госите од Рим стигнаа до бод со голот на Милинковиќ- Савиќ во 96 минута.