ВИДЕО КОЈА ЈА ОПИШУВА СЕТА БОЛКА ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА: Деца поминаа 45 часа под урнатините покрај нивната мртва МАЈКА - претажно
Осми ден спасувачите
се тркаат со времето и бараат преживеани под урнатините
Повеќе од 38.000 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и Сирија, а додека десетици илјади луѓе беа повредени. Осми ден спасувачите се тркаат со времето и бараат преживеани под урнатините.
Три сириски деца биле пронајдени под урнатините покрај нивната мртва мајка, каде што поминале 45 часа.
За жал, таа не била спасена, но децата биле спасени и сега се безбедни. На децата им е укажана прва помош.
Погледнете како изгледала спасувачката акција:
Коментарите на луѓето кои го гледаа хорор видеото само постојано доаѓаа, а ова се некои од нив:
- „Го гледам ова видео и ги гледам моите 2 деца... Нека се живи и здрави. Што згрешија овие деца во Сирија... воведуваат санкции, во војна, ги убиваат. Не за џабе се вели: Сиромаштијата и за Бога е тешка“
- „Срцето ми се кине од тага, не можам да го гледам ова, премногу е тажно, овие деца се невини суштества како и сите други деца“.
- „Срцето ми се кине за овие луѓе и деца.
- „Бидејќи ова е премногу тешко за гледање, чест на овие храбри луѓе што ги бараа и извадија луѓето од тој пекол. Но, срцето се крши на овие сцени“.
Откако страшниот земјотрес ги погоди Турција и Сирија, на социјалните мрежи се појавија видеа од катастрофата што ги снајде луѓето, а полицијата објави и ново видео на кое се гледа каква била ситуацијата во Дијарбекир, Турција на тој кобен 6 февруари.
Фото и Видео: Фејсбук -видео - ТВ 21