(ВИДЕО) Кока Кола го враќа вашиот акумулатор во живот
Ако имате проблем со вашиот акумулатор, пред да го смените проверете дали имате проблем со оксидацијата...
После одредено
време, на клемите на акумулаторот може да се појави оксидација и корозија која
спречува да се оствари добар контакт, така да вашиот акумулатор може да биде
добар, но оксидацијата да го спречува протокот на струја, па вашиот автомобил
не сака да запали. Затоа е потребно да ги исчистите клемите на акумулаторот,
како и конекторите на автомобилот кои одат до вашиот акумулатор.
Иако тоа може да го направите на различни начини, се покажа дека кока колата одлично ги чисти ваквите работи и скоро моментално ги отстранува корозијата и оксидацијата.
Конекторите на акумулаторот потопете ги 10 минути во кока кола, а акумулаторот извадете го и полијте малку од кока колата врз клемите, а потоа со сунѓер добро исчистете. Може да користете и жица за садови за подобро да ја исчистите и отстраните оксидацијата.
Докажано е дека 80% од акумулаторите кои не сакаат да запалат, всушност имаат проблем со лошиот контакт кој го снемува поради оксидацијата, па потрудете се барем еднаш во 6 месеци да го направите ова чистење, бидејќи така вашиот автомобил многу подобро ќе работи.