(ВИДЕО) “Летал“ со Gemballa, се судрил и сакал да избега

Среќа што поради коронавирусот, улиците во Менхетен, Њујорк се празни.

Автомобил „Порше“ се движи надолу по 11-та авенија и се удира во друго паркирано возило, откако возачот изгуби контрола над возилото. Иако автомобилот беше тешко оштетен, возачот одлучи да продолжи да вози. Неколку стотици јарди подалеку, откако изгуби неколку делови од автомобилот, се удри во уште три паркирани автомобили и застана. Полицијата пристигнала кратко време и го уапсила возачот.


Карскопс открива дека станува збор за 33-годишниот Бенџамин Чен, кој беше уапсен за несовесно возење и возење под дејство на опијати.

Инаку станува збор за автомобилот Gemballa Mirage GT, подесена верзија на Porsche Carrera GT. Се напојува со 5,7 V10 со околу 670 КС и 630 Nm. 100 км на час за 3,7 секунди, а максималната брзина е 335 км на час. Беа произведени само 25 примероци.