(ВИДЕО) МЕСТА КАДЕ ПЛАЌААТ ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Даваат и по 1000 долари
Различни градови во различни делови од светот имаат повеќе начини на кои привлекуваат луѓе да се доселуваат.
Водопадите на Нијагара во САД се место каде на студентите им се отплаќаат 7000 долари од студентски кредит за да се доселат. Со заминувањето на индустријата се иселија и луѓети и денес градот има 48.000 жители, иако претходно имал скоро двојно повеќе. И од туризмот приходите ги собира друг град кој важи за близнак на овој.
Во Понга, Шпанија на двојките им се даваат по 3.200 долари, пари кои можат да ги потрошат по свој избор. Местото има само 600 жители, од кои еден работи во индустрија, а седум луѓе во градежен сектор. Градот е лоциран во областа Астурија.
Во Детроит во САД по 2.500 долари се нудат на младите и работоспособни луѓе кои сакаат да се доселат. Во седумдесетите овој град изгубил петина од населението.
Кејп Бретон е град во Канада каде фалат луѓе за работа во локална пекара, а на оние кои ќе се нафатат им се дава парцела.
Ухтрет во Холандија нема проблем со мал број на жители, но даваат по 1000 долари како дел од еден експеримент.