ВИДЕО: Мурињо плачеше како „мало дете“

Рома обезбеди финале во Европа конференциската лига, откако беше подобра во двомечот со Лестер, 1-1 на првата средба, и 1-0 на реваншот во Рим.

За „волчицата“ ова е прво финале во европските купови по пауза од 31 година, Жозе Мурињо беше пресреќен, заплака, и изјави:

Зошто плачев од среќа? Затоа што го чувствувам тоа што го чувствуваат сите луѓе тукаЗнам што значи ова за сите навивачи, а мојата емоција и иста како и нивната, ова беше за нив. Се чувствувам среќно, посебно. Ние овде сме како семејство. Со текот на годините станувате помалку себични и повеќе родител, како татко. Дури и дедо за некои од нив. Среќен сум“ – изјави Мурињо.

https://twitter.com/XavsFutbol/status/1522331772838633478